ПРВ ДЕН – 19.06.2026 (ПЕТОК) СКОПЈЕ – МАЛТА
Состанок на група на аеродромот во Скопје во 18:45 часот. Полетување во 20:45 часот. Слетување на аеродром во Малта во 22:30 часот. Трансфер од аeродром до хотел. Сместување. Слободно време за одмор. Ноќевање.
ВТОРИ – ШЕСТИ ДЕН – 20.06.2026 – 25.06.2026
Појадок. Во периодот од вториот до шестиот ден престојот е предвиден за слободни активности и индивидуално уживање во убавините на Малта – плажи, прошетки, локална култура, шопинг и релаксација. Во текот на престојот ќе има можност за организирање факултативни излети, и тоа:
Посета на Валета – главниот град на Република Малта и локалитетот на светското наследство на УНЕСКО. Историскиот град со ѕидови датира од 1565 година и има атмосфера на Медитеран со северно африкански пресврт. Оваа дестинација конечно влезе во глобалниот центар на вниманието како Европска престолнина на културата во 2018 година.Опкружен со бројни масивни ѕидини и тврдини, изграден од Витезите на Св.Јован кои биле болничари во 16-от век. Малтежаните се многу горди на својот главен град чие светско и богато културно наследство се открива веднаш при самото движење на улиците низ градот.Разгледот започнува од портата на Валета преку главната улица до централниот плоштад на Републиката со застанување на важни културно-историски објекти, продолжуваме по сликовитите улички до Градините “Barracca” од каде што има прекрасен панорамски поглед на Големиот Залив и на Трите Града.
Целодневен излет до островот Гозо – вториот најголем остров на Малтешкиот архипелаг е Гозо е само околу 25 минути возење со ферибот од главниот остров, Малта. Гозо во грчката митологија е наречен островот на Калипсо – грчка нимфа, која го држела Одисеј заробен на нејзиниот остров 7 години. Овој ден одиме овде на целодневна факултативна посета каде што ќе не пречека волшебното Внатрешно Море или таканаречено природно чудо со уникатна геолошка формација и прекрасни глетки од заливот Dwejra Bay. Панорамски разглед на Викториа (Рабат), главниот град кој не потсетува дека Мдина била изградена да ја заштити целата популација на Гозо од страшните пиратски напади. Посета на Старата Цитадела богата со калдрмени улици, историски знаменитости и панорамски поглед на островот. Посета на шармантното село Фонтана со историско значење како центар за перење и традиционални малтешки производи.
Посета на тематскиот парк Popey Village – наменски изградено село со филмски сет што е претворено во мал забавен парк за атракции, наменски изграден за филмот Попај кој е снимен во 1980г. Потоа следува посета на рибарското градче Марсашлок кое е типично рибарско место со автентичен малтешки поморски живот
ПОСЛЕДЕН ДЕН – 26.06.2026 (ПЕТОК)
Појадок и одјавување од хотелот, куферите ги оставаме во хотел. Слободно време до 19 часот. Во 19.30 часот состанок на групата. Организиран трансфер до аеродром 20:00 часот. Полетување за Скопје во 23:05 часот. Слетување во 00:45 часот.
РЕДОВНА ЦЕНА: 649 € / 40.240 мкд
ПРОМО ЦЕНА: 599 € / 37.140 мкд
Во цената е вклучено:
-Авионски превоз на релација Скопје-Малта-Скопје
-Аеродромски такси
-Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
-Сместување во Малта на база 7 ноќевања со појадок во Privilege Suit Sliema или сличен
-Заедничка вечерна прошетка низ Слиeма
-Заедничка вечерна прошетка низ Ст.Џулиан
-Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
-Организација на аранжманот и придружник на патување
Во цената е вклучено:
-Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг / 20кг (цената е променлива, инфо во агенција 7 дена пред поаѓање)
-Посета на Попај село и рибарското градче Марсашлок (трансфер и влезница) – цена дополнително
-Излет по Малта (Ta Qali, Mdina, Blue Grotto и Валета) (трансфер, локален водич) – цена дополнително
-Посета на Гозо – (трансфер, брод, локален водич) – цена дополнително
-ПАКЕТ СИТЕ ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ – цена дополнително
-Туристичка такса 1200 мкд по соба (се плаќа во агенција)
-Влезници во локалитетите освен за Попај, карти за локален превоз
-Патничко – здравствено осигурување
-Доплата за еднокреветна соба
Важно: