
1 ден (10.04.2026 -петок) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТАСостанок со групата во Скопјe во попладневните часови. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ден (11.04.2026 - сабота) – БУДИМПЕШТАПристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Вечерта посета на центарот на Будимпешта. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден ( 12.04.2026 – недела)- БУДИМПЕШТА – ВИЕНАПојадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург... Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Враќање кон Будимпешта по договор. Ноќевање.
4 ден (13.04.2026 – понеделник) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕПојадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата...Слободно време за индивидуални прошетки и кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење по Дунав ( факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје наредениот ден во претпладневните часови.
Промотивна цена: 159 €
Во цената на аранжманот е вклучено:
Автобуски превоз
Сместување во хотел ibis Budapest Citysouth 3* на база 2 ноќевања со појадок
Професионален туристички придружник од агенцијата
Организација и реализација на аранжманот
Разглед на Будимпешта со локален водич
Во цената не е вклучено:
Влезници за музеи и културно-историски споменици
Патничко осигурување
Доплата за еднокреветна соба: 70 €
Туристичка такса: 2,5 € по лице на ноќ (се плаќа во агенција)
Факултативи:
Крстарење со брод по Дунав: 25 € (вклучува чаша шампањ) (минимум 25 патника за реализација)
Посета на Виена: 40 € (минимум 35 патника за реализација)
Посета на Сент Андреа: 20 € (минимум 25 патника за реализација)
Пакет факултативи: 75 € по лице
Општи напомени:
Резервација: со уплата на 30% од вкупниот износ
Целосна уплата: најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманот
Цените се дадени во евра, уплата во денарска противвредност: 1 € = 62 МКД
Минимум потребен број патници за реализација: 45
За патување е потребен пасош со важност минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
Организаторот го задржува правото на промена на цената во случај на промена на превозот или хотелот
Организаторот може да го откаже аранжманот 5 дена пред почетокот доколку нема доволен број пријавени
Цените на факултативите можат да се променат според локалните влезници
За време на разгледите не се вклучени посети на внатрешноста на јавни згради или културни споменици, освен ако не е посебно нагласено
Организаторот може да го промени редоследот на програмата или самата програма поради непредвидени причини (граничен застој, сообраќај, затворени локалитети и сл.)
Општи услови:
За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ