ФЕВРУАРСКИ ПАТУВАЊА
ВЕЛИГДЕНСКИ ПАТУВАЊА
Венеција

My Travel Guide to Venice, Italy — Wanderlust Journey

Венеција, градот на вода и бисерот на Јадранското море. Дестинација која би требало секој љубител на убавината да ја посети најмалку барем еднаш во животот. Градот на маските, градот на најпознатиот Карневал, градот на креативноста и љубовта, едноставно градот на среќните лица заслепени од убавината на истиот. Дозволете оваа магија на различности да биде вашиот најдраг спомен за паметење.

 

План и програма: 23.10. - 27.10.2025.

 

Прв ден – 23.10 (четврток)

Состанок на групата кај хотел Континентал во период помеѓу 12-14:00 часот. Патуваме преку граничниот премин Табановце. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни одмори.

 

Втор ден – 24.10 (петок)

Пристигнување во Трст во утринските часови. По разгледот на градот (околу два часа) упатување кон еден од најголемите шопинг центри во Италија – Designer Outlet Noventa di Piave (околу два часа). Сместување во хотел. Ноќевање.

 

Трет ден – 25.10 (сабота)
По појадокот се упатуваме кон Верона – градот на Ромео и Јулија, започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија. По слободното време продолжуваме кон градот на модата Милано. Пристигнуваме во пладневните часови. Разглед на градот со водич:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo, централниот плоштад каде се наоѓа најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle,најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196 м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланската опера,една од најпознатите оперски куќи во светот.Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот кој е бисер на северниот дел на Италија. Во вечерните часови заминување кон хотелот. Ноќевање.

 

Четврт ден – 26.10 (недела)

Појадок, и трансфер до пристаништето “Пунта Сабиони”. Превоз со брод “вапорето” до центарот на Венеција. Разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно време за индивидуални прошетки и уживање.. Во договорено време враќање со бродот до Пунта Сабиони. Поаѓање за Скопје.

 

Петти ден 27.10 (понеделник)

Патување преку Словенија, Хрватска, Србија. Пристигнување во Скопје во пладневите часови.

 

ПРОМО ЦЕНА 149 евра со задолжителна резервација на пакетот факултативи 80 евра, (плаќање на факултативите во автобус).

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 169 евра.

 

Цени на факулатативните излети по лице:

  • Разглед на Венеција со водич (повратна карта со брод од и до Пунто Сабиони) – 35 евра 
  • Факултативна посета на Верона и Милано со водич (50€)
  • ПАКЕТ со сите излети во вредност од 85 евра може да се купи по акциска цена при резервација на истиот во нашата канцеларија за само 80 евра (плаќање во автобус)

 

Во цената е вклучео:

  • Сместување во хотел Terramare3* во Лидо ди Јесоло (ЛИНК ОД ХОТЕЛ ТУКА) на база две ноќевања со појадок.
  • Автобуски превоз на наведените релации
  • Разгледите според програмата
  • Посета на Трст и Designer Outlet Noventa di Piave
  • Услуги од туристички професионален водич – пратител
  • Бесплатен трансфер Битола, Прилеп, Кавадарци (Црна река), Велес

 

Во цената не е вклучено:

  • Задолжителна доплата за туристичка такса за хотелот 2.5 евра по лице од ден
  • ЗАДОЛЖИТЕЛНА ТАКСА за влез во Венеција 5€ се плаќа на лице место
  • Трошоци за патничко осигурување за целиот престој – 350 денари
  • Влезници за локалитетите (музеи, верски објекти, индивидуални трошоци…)
  • Индивидуални трошоци

 

Попусти и доплати:

  • Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот
  • Нема намалување на цената за сопствен превоз
  • ПОПУСТза деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/2+1 остварува попуст од 10% (со седиште во автобус и кревет во хотел)
  • Возрасно лице на помошен кревет го плаќа полниот износ на аранжманот.

 

Напомени за распоред на седење во автобус:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не е можно. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати 20 евра по лице и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)